Штајнмајер: Никогаш не сме биле поблизу до договор за нуклеарниот спор со Иран

Од:

Шесте светски сили никогаш не биле поблизу до договор со Иран за решавање на десетгодишниот спор во врска со неговата нуклеарна програма, но последната фаза од преговорите ќе биде најтешка, изјави германскиот министер за надворешни работи, Франк-Валтер Штајнмајер.

– Никогаш не сме биле толку близу до договор, колку што сме сега. Но, вистина е дека финалната фаза од преговорите, која е пред нас, веројатно ќе биде најтешката, истакна Штајнамајер на прес-конференција во Њујорк по средба со иранскиот претседател Хасан Рохани.

Шефот на германската дипломатија нагласи дека „сега е моментот да се стави крај на конфликтот“.

– Се надевам дека Иран, гледајќи ја ситуацијата во светот, знае и чувствува дека сега не е дозволен неуспех на преговорите, додаде Штајнмајер.

Би можело да ве интересира

Врховниот лидер на Иран: Покажавме моќ во нападот врз Израел

Орце Костов

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Иранската државна телевизија IRIB ги минимизираше извештаите за израелскиот напад

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел