Штајнмаер: Добивме конкретни информации за нападот

Од:

Германија ја затвори својата Амбасада во Анкара, Генералниот конзулат во Истанбул, како и училиштата во тие два града, откако безбедносни служби добиле конкретни информации за можен непосреден напад, изјави денеска германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер.

– Нашите безбедносни власти синоќа примиле неколку конкретни и мошне сериозни информации дека се подготуваат терористички напади врз нашите германски претставништва во Турција, рече Штајнмаер.

Претходно Министерството за надворешни работи соопшти дека се затворени германската Амбасада во Анкара, Конзулатот во Истанбул и германските училишта поради опасност од „можен скор напад“.

Германија во вторникот ги предупреди сите свои државјани во Анкара на „напад кој може да се случи мошне брзо“.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад