Штајмајер предупреди на опасност од поделба на Европа

Од:

Шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајмајер на Меѓународната конференција за безбедност во Минхен предупреди на опсаноста од поделба на Европа и побара од Русија и од Украина да се придржуваат  на Договорот од Минск.

– Ако сега избереме погрешен пат… тогаш може да се случи да ни се потребни не години туку децении да ги исчистиме остатоците од погрешната политика и погрешниот пат. На Европа и се заканува нова поделба и тоа заедно мора да го спречиме, посочи Штајмајер.

Тој додаде дека потребните одлуки мора да бидат донесени во Москва и во Киев, а не само во Берлин или во Париз.

Украинската криза е доминантна тема на 51. Минхенска конференција за безбедност.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија