Штајмајер: Можно е постепено укинување на санкциите кон Русија

Од:

Возможно е постепено укинување на санкциите за Русија, ако биде постигнат брз напредок во примената на Договорот од Минск за решавање на конфликтот во Украиана, изјави денеска шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмајер.

Тој посочи дека се надева оти до крајот на следниот месец ќе има напредок по ова прашање.

– Ќе видиме дали ќе можеме постепено да ги намалиме санкциите или ќе треба да ги зачуваме сегашните мерки. Ќе треба да се направи оценка за санкциите, дури и ако не биде постигнат напредок. Не ни е целта да ги задржиме санкциите, туку да го решиме конфликтот, истакна Штајнмајер во главниот град на Естонија, Талин.

Вчера, Штајнмајер ги посети Вилнус и Рига, каде потенцира дека ќе биде потешко да се продолжат санкциите на Европска унија за Русија подари „зголемениот отпор“ од некои земји-членки.

Би можело да ве интересира

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Изгореа 20 станбени и комунални згради во југоисточната руска република Бурјатија

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски