Штабот на Трамп ќе побара итно пребројување на гласовите во Висконсин

Од:

Штабот на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп ќе побара итно пребројување на гласовите во Висконсин, повикувајќи се на „извештаи за неправилности“.

„Има извештаи за неправилности во неколку окрузи во Висконсин кои предизвикуваат сериозни сомневања за валидноста на резултатите. Претседателот повикува на итно пребројување на гласовите и ние тоа веднаш ќе го побараме“, се наведува во соопштението од Изборниот штаб на Трамп.

Претходно Трамп изјави дека демократите насекаде „наоѓаат“ гласови за кандидатот Џо Бајден за да ја прекине предноста на Републиканците.

Трамп исто така рече дека е „многу чудно“ што за една ноќ во некои држави каде што тој беше во предност, наеднаш Бајден имаше водство.

Бајден го престигна Трамп во голем број држави, како Мичиген, Висконсин и Минесота, каде првично водеше сегашниот американски претседател.

Би можело да ве интересира

Бајден сака изборите за претседателски кандидат на демократите да почнат во Јужна Каролина

А1он

Аризона и Невада би можеле да бидат решавачки во трката за американскиот Сенат

А1он

Во Аризона и Невада гласовите се пребројуваат со присуство на полиција

Во Џорџија ќе има втор круг, ниту еден кандидат за сенатор нема 50 отсто

Горан Наумовски

Избори за американскиот Сенат: Конечните резултати може да се чекаат со недели

Демократите го освоија потенцијално одлучувачкото место во Пенсилванија за контрола на Сенатот на САД

Ана Ололовска