Шри Ланка ќе ослободи стотици затвореници по вчерашните смртоносни нереди поради коронавирусот

Од:

Шри Ланка ослободува стотици затвореници, кои се во затвор поради полесни прекршоци по завчерашните смртоносни немири во врска со епидемијата на коронавирус во затвор со високо ниво на обезбедување, изјави денеска министерот за правда Али Сабри.

– Вкупно 607 затвореници добија општа амнестија по немирите во неделата, изјави Сабри пред Парламентот, јави ДПА.

– Според претседателската директива, ние бараме други начини на ослободување на повеќе затвореници и забрзување на случаите против нив, рече Сабри.

Најавата доаѓа во моментот кога бројот на жртвите од немирите во затворот со висок степен на обезбедување во Махара, 15 километри северно од Коломбо, се искачи на 11 лица. Осуммина затвореници беа убиени за време на немирите, а други тројца подоцна им подлегнаа на повредите.

Вкупно 108 лица, вклучувајќи и двајца затворски службеници, беа примени во болница по инцидентот.

Немирите избија откако затворениците се побунија против лошите здравствено-санитарни услови, во моменти на брзо шириње на коронавирусот, од кој се заразиле најмалку 180 штитеници во казнената установа.

Би можело да ве интересира

Милион и половина евра од ЕУ за хуманитарни цели во Шри Ланка

Ана Ололовска

Побегнатиот поранешен претседател на Шри Ланка, Раџапакса се врати во татковината

Ана Ололовска

Владата на Шри Ланка бара ограничување на ингеренциите на претседателот

А1он

Протест против владината репресија на Шри Ланка

Парламентот на Шри Ланка изгласа продолжување на вонредната состојба

Динеш Гунавардена денеска положи заклетва како премиер на Шри Ланка

Ана Ололовска