„Шпигел“: Се повеќе турски државјани бараат азил во Германија

Од:

Се зголемува бројот на турски државјани кои бараат азил во Германија и во моментов федералната служба за мигранти и бегалци разгледува околу 450 барања на турски дипломати, војници, судии и други државни службеници, пренесува списанието „Шпигел“, цитирано од ТАСС.

Според германското издание, повеќето од кандидатите за азил се осомничени од турските власти за врски со движењето на исламскиот проповедник Фетула Ѓулен, кого Анкара го смета за организатор на обитод за државен преврат од 15 јули минатата година.

„Шпигел“ посочува дека меѓу кандидатите за азил има војници од НАТО, кои служеле во Белгија, како и поранешен воен аташе во турската амбасада во една африканска земја.

Во службата за мигранти и бегалци има вкупно 7.700 барања за азил од турски државјани.

Минатата година во Германија биле одобрени едвај осум проценти од барањата за доделување статус на бегалци, поднесени од турски државјани.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: И пукал во глава на бремената сопруга, потоа ранил уште тројца – хорор во Германија

ВИДЕО: Поплави во Германија, жители на баварски град евакуирани со хеликоптер

Од денеска Македонците полесно до работа во Германија

ВИДЕО: Политичар и полицаец избодени со нож во Германија

Шолц попушти: Украина може да користи оружје од Германија на руска територија

Катерина Ѓуровски

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски