„Шпигел“: НСА тајно може да краде податоци на „Дојче телеком“

Од:

Американски и британски разузнавачки агенции имаат можност тајно да пристапуваат до информации кои ги поседуваат германски и телекомуникациски гиганти, пренесува неделникот „Шпигел“.

Американската Национална агенција за безбедност (НСА) и нејзиниот британски пандан GC  HQ со помош на програмата позната како „Мапа на богатство“ доаѓаат до инфомации кои германските телекомуникациски компании ги поседуваат на индивидуалните компјутери и паметните телефони.

„Мапа на богатство“ за која минатата година пишуваше и „Њујорк тајмс“ врз основа на податоците кои ги откри Едвард Сноуден, може да собере меѓу 30 и 50 милиони адреси кои Интернет провајдерите ги поседуваат – информации кои го откриваат сопственикот и моменталната локација на компјутерот или мобилниот уред.

„Шпигел“ предупредува дека тие информации можат да бидат употребени за планирање на софистицирани сајбер напади.

Според неделникот, на мета на нападите може да се најдат најголемите германски телекомуникациски компании како „Дојче телеком“, „Нетколонја“, „Стеларад“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Сопругот извршен директор, сопругата менаџер, Ковачевски го претвора Телеком во фамилијарна фирма

А1он

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

Најмоќниот телескоп на НАСА можеби открил знаци на живот на далечна планета

Катерина Ѓуровски

НАСА објави фотографии од површината на Месечината пред и по падот на руското вселенско летало

Телеком ќе ги тужи фирмите што ги оштетиле каблите, корисниците добија гратис интернет

Катерина Ѓуровски