Шпигел: Германските разузнавачи се сомневаат во тврдењата на САД дека коронавирусот потекнува од кинеска лабораторија

Од:

Извештај на германското разузнавање ги доведува во прашање обвиненијата на САД дека новиот коронавирус потекнува од кинеска лабораторија и наведува дека обвинувањата се обид да се одвлече вниманието од неуспехот на американската Влада да го спречи ширењето на вирусот во земјата, пишува весникот „Шпигел“.

Во неделата, државниот секретар на САД, Мајк Помпео рече дека има „сериозни докази“ дека коронавирусот потекнува од кинеска лабораторија, но не го оспори заклучокот на американското разузнавање дека тој не е направен од човек.

Според „Шпигел“, германската разузнавачка служба БНД побарала од членовите на разузнавачката унија „Пет очи“, предводена од САД, да даде докази за обвиненијата. Ниту една друга земја во унијата, која ги вклучува САД, Велика Британија, Австралија, Канада и Нов Зеланд, не ги поддржа тврдењата на Помпео.

Во разузнавачкиот извештај, подготвен за германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер, се заклучува дека „обвинувањата на САД биле намерен обид да се одвлече вниманието на јавноста од неуспесите на претседателот Доналд Трамп“.

Засега нема коментар од германската Влада.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

ВИДЕО: По 44 години Кина лансираше интерконтинентална балистичка ракета во меѓународни води

Катерина Ѓуровски

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски