Шпанското Движење на незадоволните прерасна во граѓанско здружение – „Партија Икс“

Од:

Поранешни членови на во шпанското Движење на незадоволните, што беше формирано во 2011 година, соопштија дека создале ново граѓанско здружение наречено „Партија Икс“, кое исто така ќе биде фокусирано против „корумпираната политичка класа, неспособна да ја извлече земјата од кризата“.

Повеќето членови на новата „граѓанска мрежа“ ги споделуваат идеите на „незадоволните“, наведува на својот сајт „Партијата Икс“, објаснувајќи дека исто како и Движењето нема да има раководен орган или изборни листи, туку повеќе ќе претставува „група за притисок“.

– Предлагаме итен план за излез од кризата. Според нас, дојден е моментот за граѓански одговор, изјави претставничка на новото здружение.

Предлог-програмата на „Партијата Икс“ е објавена на нејзината интернет страна и може да биде дополнувана од граѓанитее, сооптија иницијаторите.

– Инсистираме виновниците за кризата да бидат судени и да се изработи акциски план – „Маршалов план“, адаптирани за 21-от век, тврди новата здружението.

Меѓу главните столбови на неговата програма се борбата против корупцијата и измамите.

– Потребната сума, што недостига за излез од кризата, е еднаква на средствата што од затаен данок“, соопшти „Партијата Икс“.

Доколку се ограничат даночните измами во големите компании, само тоа во буџетот ќе обезбеди 30 милијарди евра, тврди здружението.

 

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски