Шпанските власти продолжуваат со обидите за спречување на референдумот во Каталонија

Од:

Шпанската владата продолжува да конфискува пропагаден материјал во обидот да го спречи референдумот за независност на Каталонија, а главниот обвинител не ја исклучи можноста и за апсење на политичкиот лидер.

Шпанското Обвинителство соопшти дека службеници, кои ќе учествуваат во каква било подготовка за референдумот, може да бидат обвинети за злоупотреба на службена должност и државни средства.

Главниот обвинител на Шпанија, Хосе Мануел Маса изјави дека не исклучува можност за апсење на регионалниот премиер Карлес Пучдемон „при определени услови“.

И покрај тоа, над 700 каталонски градоначалници се собраа во саботата во Барселона за да дадат поддршка за референдумот.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски