Шпанските пензионери ја плаќаат цената на банкарската криза во земјата

Од:

Илјадници пензионери низ цела Шпанија тврдат дека непланирано поседуваат приоритетни акции, за кои нивните банки ги уверувале дека се безбедни како штедните депозити, што подоцна се покажало како скапа инвестиција.

Билансната состојба на шпанските банки падна во минус по колапсот на пазарот на недвижности во 2008 година, по што официјален Мадрид во нив мораше да инјектира 42 милијади евра во вид на кредитна помош од еврозоната. Како еден од условите за добивање на кредитот Брисел бараше сопствениците на приоритетни акции да претрпат дел од банкарските загуби.

Десетина пензионери секој четврток се собираат пред шпанската банка „Банкија“ во Мадрид, со барање да им бидат вратени парите.

– Ова е срамота, Владата знае дека „Банкија“ ги измами пензионерите, изјави 70-годишниот Антонио Родригез, еден од демонстрантите на плоштадот Пуерта дел Сол, во Мадрид.

Околу милиони депоненти во Шпанија, најголемиот дел пензионири, ги инвестираа своите пари, понекогаш и целата животна заштеда, во приоритетни акции на своите банки, покажуваат податоците на асоцијацијата на банкарски клиенти АДИЦАЕ.

Според Фернандо Ереро, портпарол на АДИЦАЕ, ниту една друга европска земја не продавала приоритетни акции на мали штедачи, но дека притисокот на банкарското лоби во Шпанија бил голем.

Покренати се голем број тужби против банките чии клиенти тврдат дека ризичните акции им се продадени со претходно уверување дека се безбедни.

Шпанскиот министер за финансии Луис де Гиндос изјави дека приоритетните акции не требало да бидат продавани на штедачите, но ја поддржа судската постапка само за случаите каде е можно да се докаже дека штедачите не знаеле што купуваат.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски