Шпанските десничари побараа оставка на премиерот Санчез

Од:

Демонстрантите кои учествуваа на десничарските „анти-Санчез“ протести во Мадрид во саботата побараа неодложна оставка од шпанскиот премиер Педро Санчез чија Влада, според нив, е закана за демократијата и е „најлошата“ во поновата историја на Шпанија, објави „Еурактив“.

На главниот плоштад во Мадрид се собраа антивладини демонстранти, според некои информации околу 500 илјади, додека податоците на полицијата се различни со тврдење дека имало триесеттина илјади луѓе.

Под слоганот „За Шпанија, демократијата и Уставот“, демонстрантите, насобраните луѓе завиткани во национални знамиња го осудија „политичкото талкање на земјата“.

Демонстрации „Анти Санчез“ организираа поединечни општествени организации, како и 60 поддржувачи на десницата.

Тие беа поддржани од некои партии, како што се централно-десничарската партија Популарно, крајнодесничарската партија „Вокс“ и центристичката либерална партија „Граѓани“.

За време на демонстрациите се слушаа „Санчез, оставка, предавник“, како и други антивладини пароли.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во Шпанија е уапсен Албанец кој уби Србин и тешко рани државјанин на БиХ

Горан Наумовски

Нека стане пракса: Маж осуден да и плати 204 илјади евра на жената за чистење по дома

Анита Петровска Рајковиќ

Во Шпанија уапсена е банда составена од Украинци и Руси која ограбувала бегалци

Пациентот во Шпанија е негативен на заразната болест од која умираат 88 отсто од заразените

Во Шпанија откриен можен случај на заразна болест од која умираат 88% од заразените

Шпанија донесе закон со кој се дозволува „менструално отсуство“ од работа