Шпанскиот премиер: За да се стави крај на војната во Украина, мора да ја слушаме Кина

Од:

Светот треба да го слуша гласот на Кина за да се стави крај на војната во Украина, изјави денеска шпанскиот премиер Педро Санчез пред неговата посета на Пекинг следната недела.

„Кина е глобален фактор и очигледно мораме да го слушаме нејзиниот глас за да видиме дали можеме да ја прекинеме таа војна и Украина да го врати својот територијален интегритет“, рече Санчез по состанокот на Европскиот совет во Брисел.

Тој треба да се сретне со претседателот Си Џинпинг во Пекинг на 31 март. Се очекува фокусот на разговорите да биде токму конфликтот во Украина, кон кој Кина, како што тврди, се позиционирала „непристрасно“, презентирајќи мировен план од 12 точки.

Во меѓувреме, Пекинг повика на сеопфатен прекин на огнот. Санчез јавно го поддржа мировниот предлог на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој вклучува барања за враќање на украинската територија во статус кво пред руската анексија на Крим во 2014 година.

Би можело да ве интересира

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли