Шпанскиот Парламент му изгласа недоверба на премиерот на техничката Влада Mаријано Рахој

Од:

Мнозинството пратеници во шпанскиот Парламент му изгласаа недоверба на претседателот на техничката влада, Маријано Рахој, со што е оневозможено формирањето функционална влада и се продлабочи политичката криза во земјата, а воедно почна и одбројувањето до третите избори за само една година.

Француските медиуми пренесуваат дека, по вчерашната жолчна расправа во Парламентот, на Рахој, инаку лидер на конзервативната Народна партија (ПП), пратениците со 189 гласа „против“ му изгласаа недоверба наспроти 170-те кои беа „за“.

На сегашниот  технички премиер му беше потребно апсолутно мнозинство од 176 гласа во 350-члениот парламент, но тој беше поддржан само од неговата партија, центристичкото движење „Сијудаданос“ и еден пратеник од Канарските острови, пренесува Танјуг.

Народната партија, која е на власт од 2011 година, на изборите во декември и јуни освои мнозинство од пратеничките места, но два пати остана без апсолутно мнозинство бидејќи гласачите, гневни заради корупција и строгото штедење, се свртеа кон новоформираните партиски опции. 
Во Парламентот во петок ќе се одржи уште едно гласање за доверба, а на Рахој тогаш ќе му треба просто мнозинство, односно повеќе гласови во негова корист отколку против него, но и тогаш има мали шанси тој да успее во тоа, оценуваат француските медиуми.
Социјалистите, кои на изборите беа второпласирани, одбија да го поддржат Рахој, а нивниот лидер Педро Санчез во Парламентот кажа дека Рахој „нема кредибилитет“.
Доколку за два месеца не се формира новата влада, Парламентот повторно ќе биде  распуштен, а Шпанците ќе бидат повикани на нови избори, на 25 декември, наведуваат американските медиуми.
Со оглед на цврстите ставови на партиите аналитичарите сметаат дека третите избори сега се најверојатното сценарио.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски