Шпанскиот крал не размислува за абдикација

Од:

Шпанскиот крал, седумдесет и петгодишниот Хуан Карлос и покрај здравствените проблеми, никогаш не размислувал за абдикација, соопшти Кралската палата.

-Кралот никогаш до сега не ја разгледа можноста за абдикација и покрај тоа што последните недели е подложен на лекарски анализи, поради болки во левиот колк, рече шефот на кралската куќа Рафаел Споторно.

Карлос, кој од 2010 година имаше седум операции, наскоро повторно ќе биде опериран, соопшти Кралската палата.

Резултатите од истражувањата на јавното мислење во Шпанија покажуваат дека граѓаните се уште имаат доверба во кралот, но дека половина од испитаниците оценила дека би требало кралскиот трон да му го предаде на синот Фелипе (45).

Хуан Карлос е прогласен за крал во ноември далечната 1975 година, два дена по смртта на шпанскиот диктатор Франсиско Франко.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски