Шпанскиот крал ги почна консултациите со политичките партии во обид да се најде излез од политичката криза

Од:

Шпанскиот крал Фелипе Шести ги почна средбите со претставници на политичките партии во обид да се пронајде излез од четиримесечната криза во земјата. 

По изборите кон крајот на минатата година Шпанија не успеа да добие нова влада и има ризик од предвремени парламентарни избори. Поради тоа кралот организира нови консултации, за да се обиде да ги избегне предвремените избори.

Фелипе Шести најпрво се сретна со Педро Кеведо, претставник на мала политичка сила од Канарските Острови, левоцентристичката националистичка партија Нуева Канарис. 

Разговорите на кралот со различни политичари завршуваат утре со средба со Мариано Рахој, досегашниот премиер на Шпанија. 

На изборите на 20 декември ниту една партија не освои мнозинство во 350-члениот Парламент и ниту една партија не успеа да состави коалиција за да формира нова влада. Доколку тоа не се случи до 2 мај Фелипе Шести  ќе го распушти Парламентот и ќе има нови избори на 26 јуни.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски