Шпанската Влада разгледува да ја продолжи вонредната состојба во земјата за уште 15 дена

Од:

Шпанската Влада сака за уште 15 дена да ја продолжи 15-дневната вонредна состојба во земјата, што беше воведена заради епидемијата од коорнавирусот, јавија шпанските медиуми.

Со вонредната состојба во втората најзагрозена европска земја од епидемијата, што беше воведена на 14 март, дозволено е излегување од дома само заради основните потреби на луѓето.

Продолжувањето на вонредната состојба мора да биде одобрено во парламентот, што сигурно ќе се случи бидејќи главната опозициска Народна партија соопшти дека ќе ја поддржи таквата одлука, пренесуваат британските медиуми.

Според медиумите, шпанскиот премиер Педро Санчез за ваквата одлука разговарал со регионалните лидери преку видео конференциска врска.

Санчез денеска кажа дека владата ќе стори се што е неопходно во борбата против коронавирусот и предупреди дека „најлошото допрва доаѓа“.

Бројката на смртни случаи денеска се зголеми на 1.326 од 1.002 од претходниот ден.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски