Шпанската полиција заплени рибарски брод со три тони кокаин

Од:

Шпанската полиција денеска соопшти дека во Атлантскиот Океан запленила рибарски брод што превезувал три тони кокаин, во рамките на една од најголемите операции во земјата за борба против трговијата со наркотици.

Во акција, спроведена во средата биле уапсени 21 лице, поврзани со венецуелска нарко мрежа. Меѓу нив се петмината членови на екипажот на бродот, како и уште 16 осомничени, приведени во различни делови на северозападната шпанска област Галиција, се наведува во соопштението на полицијата.

На бродот се откриени пакети со вкупно три тони кокаин.

Во 1996 година во едно галициско пристаниште беше запленет панамски товарен брод со 36 тони хашиш, што е едно од најголемите пратки на дрога запленети во Шпанија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски