Шпанската полиција уапаси тројца осомничени џихадисти

Од:

Шпанската полиција денеска во Барселона и Гранолерс уапси двајца мажи и една жена, под сомнеж дека регрутирале борци за џихадистичката група Исламска држава (ИД).

Како што соопшти шпанскиот министер за внатрешни работи Хорхе Фернандес Дијас, полициската акција почнала изутринава, кога во еден стан во Барселона полицајците упасиле двајца мажи на возраст од 32 и 42 години, по потекло од Мароко.

Во исто време во Грандолерес, на околку 30 километри од Барселона, полицајците уаспиле една 24-годишна девојка, која ја следеле веќе неколку дена.

Денешните апсења доаѓаат на 23 дена пред паралментарните избори во Шпанија.

Од почетокот на годината шпанската полиција уапси 68 лица, осомничени за поврзаност со ИД.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски