Шпанската полиција разби криминална група што принудувала Романки на проституција

Од:

Шпанската полиција објави дека уапсила 19 лица во акција за разбивање романска група што експлоатирала, малтретирала и принудувала на проституција нивни млади сонароднички.

Групата одржувала големи бордели на границата меѓу Франција и Шпанија.

Со цел да ги принудат да работат за нив, тие постојано ги заплашувале, удирале и силувале. Жените речиси биле робинки принудувани да ги продаваат своите тела 13-14 часа на ден.

Жртвите биле контактирани во Романија, додека уште биле малолетни. Сводниците им ветувале примамливи работни места во Шпанија како негувателки на деца или стари лица.

Операцијата за разбивање на групата се уште не е завршена. Шпанската полиција запленила и 101.290 евра во кеш, ножеви, пиштол, револвер и куршуми за двете оружја.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски