Шпанската Народна партија нелегално се финансира преку поткупи, тврди поранешниот благајник

Од:

Шпанската владејачка Народна партија нелегално се финансира преку поткупи во текот на најмалку 20 години, изјави поранешниот благајник Луис Барсенас.

Барсенас во интервјуза шпанскиот весник „Мундо“ изјави дека Народната партија примала поткуп од од градежни компании во замена за договори во области под нејзина контрола.

Поранешен финансиер на партијата е во затвор и против него има обвинение за перење пари, поткуп, даночни измами и други прекршоци. Тој е централна фигура во две големи корупциски афери, што ја поткопаа довербата на Народната партија.

Во јануари весникот „Паис“ објави извадоци од рачно испишани сметководствени документи, за кои се тврди дека претставуваат депонирање и повлекување средства од тајна сметка.

Барсенас во интервјуто за весникот „Мундо“ нагласува дека документите се автентични и се поврзани со илегално финансирање на Народната партија. Досега Барсенас тврдеше дека документите не биле пишувани од него, но изјави дека лажел од лојалност кон премиерот Маријано Рахој.

Рахој, поранешниот премиер Хозе Марија Азнар и други високи службеници во Народната партија, чии имиња фигурираат во документите, негираат дека илегално добивале средства.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски