Шпанска регионална лидерка убиена поради даден отказ

Од:

Мајка на млада жена која била отпуштена од работа во администрацијата на северната шпанска провинција Леон, смртно ја застрела шефицата на регионалниот Влада и на локалниот огранок на владејачката Народна партија (ПП), Изабел Караско.

Како што јавија шпанските медиуми, 55-годишната Марија Монесерат Гонзалес Фернадез била уапсена под обвинение за убиство. Задено со неа, полицијата ја привела и нејзината 35-годишна ќерка Монсерсат Тријана Мартинес Гонзалес.

Фернадез го признала убиството, нагласувајќи дека го планирала веќе две години.

Мартинес Гонзалес била вработена во регионалната Влада на Леон на определно време и по истекот на договорот за работа во 2011 година, била отпуштена и на нејзиното место било ангажирано друго лице.

Откако останла без работа регионалните власти дополнително побарале од неа да врати 12.000 евра, кои наводно по грешка и биле исплатени на име плата.

Случајот добил судска завршница, откако минатата недела Судит пресудил дека Мартинес Гонзалес мора да ги врати парите.

Ваквата судска одлука и речиси тригодиниот стрес по отказот на нејзината ќерка, ја „прелеал чашата“ кај Фернандез и таа со пиштол ја застрелала Караско.

Во врска со убиството е приведен и еден локален полицаец кој се товари дека и го обезбедил пиштолот на Фернандез.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски