Шпанска локална политичарка убиена во градот Леон

Од:

Локална политичарка е убиена во градот Леон, на север од Шпанија, од засега непознати причини, соопшти шпанската полиција.

Изабела Караско (59) која раководеше со провинциската власт во тој дел од земјата,била убиена додека минувале преку еден пешачки мост во градот.

Сведоци велат дека забележале како жена се приближува до Караско и веднаш потоа пука во неа.Минувачи кои биле близу до местото на убиството,пак,тврдат дека слушнале пет истрели,но не верувале дека се од огнено оружје,туку дека станува збор за петарди. Караско,освен што раководеше со власта во градот и провинцијата Леон,беше и еден од највисоките функционери во владејачката Народна партија,на премиерот Маријано Рахој.

Две лица, и двете жени од тој дел на земјата, се уапсени,веднаш по убиството.Полицијата одбива да даде детали за инциденто,освен што потврди дека настојува да ја утврди поврзаноста на уапсените со убиството.

Шпанскиот весник „Ел Паис“ открива дека уасените се мајка и ќерка,како и дека ќерката неодамна била отпуштена од работата во градскиот совет на Леон.

Според весникот,апсените се сопруга и ќерка на еден од шефовите на локалната полиција. Веднаш по убиството на политичарката,сите главни политички партии ги перкинаа активностите и кампањата за претстојните евро избори.Шпанскиот премиер Рахој го осуди убиството и изјави дека длабоко потресен од она што се случи во Леон. Тој го повика населението да останат мирни и обединети во овие тажни моменти.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски