Шпанија: Запленети 52 тони хашиш

Од:

Полицијата во Шпанија заплени 52 тони хашиш, што претставува рекордна заплена на дрога во Европа и приведе три лица во рамките на истрагата, соопшти денес полицијата.

Дрогата е пронајдена во магацин во градот Кордоба на југ на Шпанија, а била сокриена во 1.700 пакети тешки по 30 килограми, пренесе „Франс прес“.

-Ова е најголема заплена на дрога во Шпанија, а рекордна и во Европа, стои во соопштението на шпанската полиција.

Во акцијата учествуваа 30 полицајци, наведе „Франс прес“. Кон крајот на минатиот месец во Шпанија беа запленети 32 тони хашиш.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски