Шпанија: Судот не дозволи да се одгледува марихуана

Од:

Судот во Шпанија го отфрли планот на малиот град Раскер на североисток на Каталонија, да одгледува марихуана, за да ги намали општинските долгови и да се извлече од финансиската криза.

Пред една година седумчлениот одбор на Раскер изгласа предлог за одгледување на канабис, поради отворање на работни места и финансиско зајакнување на канабис, пренесе „Асошиејтед прес“.

Во април минатата година 56 проценти од граѓаните гласаа за планот земјиштето од градот да се издаде под наем, во период од две години на групацијата АБЦДА, која за него би плаќала 750.000 евра годишно.

Планови на локалното население паднаа во вода по одлуката на судот да се прифати жалбата на централната власт, против одлуката на одборот на Раскер.

Градскиот одбор наведе дека ќе приложи жалба на пресудата.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски