Шпанија стравува од појава на нова бегалска рута низ нејзина територија

Од:

Затворањето на бегалската рута преку Грција може да доведе до зголемување на дотокот на мигранти кон Шпанија, изјави денеска в.д. министерот за внатрешни работи на кралството Хорхе Фернандес Диас, цитиран од ТАСС.

Тој изјави дека „доколку се затворат едни врати, мигрантите ќе побараат други“.
Министерот напомена дека во последните неколку години дошло до менување на бегалските рути.

– Ако првично стануваше збор за централните региони на Средоземното Море и мигрантите доаѓаа преку Италија, тие сега во Европа пристигнуваат преку грчкиот остров Лезбос, од каде се упатуваат кон Германија по таканеречната балканска маршрута, рече Фернандес Диас.

„Досега не стануваше збор за западниот дел од Средоземно Море, затоа што Шпанија си ја врши својата работа“, изјави тој во интервју за шпанското национално радио.

– Ако не соработуваме со земјите од каде бегалците пристигнуваат нема да го решиме овој проблем, рече министерот.

Според него, за надминување на миграциската криза неопходно е взаемна  акција со Турција.

Шпанскиот в.д. министер за надворешни работи Хосе Мануел Гарсија-Маргаљо изјави дека европските земји не прават се што е во нивна можност за решавање на проблемот. Според него, ситуацијата со бегалците ги зафаќа „моралните принципи на Европската унија“.

– Очигледно е  дека ниту една држава во светот не може да ги прифати сите луѓе кои сакаат да ја напуштат својата земја, рече тој во интервју за шпанската телевизија.

„Имаме потреба од почнување на заедничка европска политика во областа на миграцијата и доделувањето азил, на што Шпанија одамна повикува“, рече Гарсија-Маргаљо.

Според него, за решавање на овој „реален проблем неопходно е да се отстранат причините за миграцијата“. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски