Шпанија: Спасени 292 мигранта, меѓу нив и три деца

Од:

Шпанската крајбрежна служба соопшти дека се спасени 292 мигранта од северна Африка, кои се обидувале да го преминат Медитеранот и да стигнат до Европа.

Меѓу спасените мигранти, кои биле во пет чамци, имало 17 жени и три деца.

Тие биле пронајдени во водите на Алборското Море во Гибралтарскиот Проток.

Според податоците на шпанското Министерство за внатрешни работи, од почетокот на годината пристигнале 8.800 мигранти во Шпанија. Тоа е речиси 18 отсто помалку од минатата година.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски