Шпанија нареди одземање на гласачките кутии и изборните ливчиња, се чека реакцијата на каталонската регионална полиција

Од:

Регионалната полиција во Каталонија добила наредба до шест часот в недела да бидат расчистени од луѓе изборните места за да не се дозволи спроведување на референдумот на каталонските власти за независност од Шпанија.

Според документот, полициски патроли треба да бидат во сите 2.315 гласачки места, да ги одземат гласачките кутии и изборните ливчиња и да се затворат тие места. Се нагласува дека ако е потребно – може да се употреби и сила за да се изврши наредбата, јавуваат локални медиуми.

Во документот се додава дека полицијата треба да гарантира дека референдумот, за кој шпанските власти тврдат дека е незаконски, нема да се одржи.

Реакцијата на 17-те илјади полицајци од каталонската регионална полиција за извршување на таа наредба е од решавачко значење за успехот или неуспехот на референдумот, укажуваат западни медиуми.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски