Шпанија конфискуваше материјали за каталонскиот референдум

Од:

Шпанската полиција заплени 2,5 милиони гласачки ливчиња и 100 гласачки кутии, наменети за референдумот за независност на Каталонија, закажан за в недела.

Припадниците на полицијата ги пронашле изборните материјали во селото Игуаледа, во близина на Барселона. Покрај тоа, пронајдени се четири милиони коверти. Со одлука на обвинителството, Цивилната гарда е должна да ги заплени сите материјали наменети за референдумот на 1 октомври.

Претходно, регионалниот парламент на Каталонија одобри два референдумски закони. Со првиот, се создава правна основа за неговото спроведување, а со вториот, се уредува излегувањето на регионот од Шпанија, доколку така се изјаснат мнозинството гласачи. Официјален Мадрид ги смета за незаконски двата закона, како и самиот референдум. Централната влада уверува дека референдумот нема да се одржи, а регионалната влада е убедена поинаку.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски