Шпанија ќе им отстапи две воени бази на САД за борба против еболата

Од:

Шпанија се согласи да им отстапи на САД две воени бази во југоисточниот дел на земјата, како поддршка во борбата против епидемијата од ебола во Западна Африка.

Во соопштението од шпанското Министерство за одбрана се наведува дека договорот и дозволува на американската армија да ги користи военовоздухопловната база Морон де ла Фронтера во близина на Севилја и военоморската база во Рота за превоз на луѓе и опрема до и од Африка.

Договорот е склучен меѓу шпанскиот министер Педро Моренес и американскиот секретар за одбрана Чак Хејгел.

САД кои ги користат базите од 50-тите години на минатиот век, ќе ги користат и како бази за борба против ексртремистите од Исламска држава.

Би можело да ве интересира

Нов состанок на Русите и Американците утре во Истанбул

Катерина Ѓуровски

Моксва: Подготвени сме да продолжиме со испораките на алуминиум за САД

Песков: Треба да поминеме долг пат за да стекнеме доверба во Америка

Западот знаел дека ќе има конфликт поради желбата на Украина да биде членка на НАТО

Горан Наумовски

Русија и Америка заедно гласаа против резолуцијата за Украина, Македонија гласаше „воздржано“

Горан Наумовски

САД ќе стават вето на секој амандман на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Украина