Нов состанок на Русите и Американците утре во Истанбул

Од:

ДЕЛЕГАЦИИ од Русија и САД ќе одржат нова средба на 27 февруари во Истанбул, најави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Како што пренесува украински Медуза, преговорите ќе се фокусираат на отстранување на пречките за работата на дипломатските претставништва на овие земји. Мислам дека резултатите од средбата јасно ќе покажат колку брзо и ефективно можеме да продолжиме напред, рече Лавров.

За потсетување, првите преговори меѓу делегациите од Руската Федерација и САД се одржаа на 18 февруари во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, а беа посветени, меѓу другото, на завршување на руско-украинската војна.

Руската делегација ја предводеше министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, а американската делегација на американскиот државен секретар Марко Рубио. Оваа средба беше прва на тоа ниво од почетокот на целосната руска инвазија на Украина. Во преговорите не учествуваа претставници на ЕУ и Украина.

Би можело да ве интересира

Трамп се закани: Подготвува „удар“ врз Русија и Украина

Русија изврши масовен напад врз термоелектрана во Украина, запрено е производството на електрична енергија

Москва: Нашата победа е неизбежна

Горан Наумовски

Путин: Убеден сум дека Русија и Украина можат да постигнат договор

Горан Наумовски

Песков го критикува Брисел: Америка бара мир, додека Европа поттикнува војна

Нетанјаху: Трамп не ме спречи да го нападнам Иран