Шпанија кажа „да“ за истополовите бракови

Од:

Власта во Шпанија одобри да се склучува брак помеѓу лица со ист пол, откако Уставниот суд по седум години го одби барањето на Народната партија за проверка на уставноста на Законот во кој се тврдеше дека бракот е заедница само помеѓу маж и жена.

За време на владеењето на Социјалистичка работничка партија, на чело со Луис Родригес Запатеро, во 2004 година беше усвоен Законот за легализација на истополните бракови, но Народната партија поднесе жалба до Уставниот суд на Шпанија.

Според Државниот институт за статистика во Шпанија досега се склучени околу 20.000 илјади хомосексуални бракови, што е 1,8 проценти од браковите во земјата. До сега во светот единаесет држави одобриле склучување на бракови помеѓу луѓе од ист пол.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски