Шпанија исплати отшетата од 324 милиони евра за настраданите во атентатите во Мадрид во 2004 година

Од:

Шпанската Влада на настраданите и нивните роднини од атентатите во Мадрид, од 11 март 2004 година, им исплати отштета во вкупна вредност од 324,23 милиони евра, информира Министерството за внатрешни работи, цитирано од ТАСС.

Според податоците на Министерството, 318,78 милиони евра биле исплатени како директна помош на настраданите, а уште 5,44 милиони за субвенционирање на фондовите за помош и општествено обединување, поврзани со терористичките акти во шпанската престолнина.
Министерството за внатрешни работи потсетува дека во 2011 година била почната програма за активно помагање и поддршка за обезбедување работа. Во моментот програмата вклучува приближно 550 лица, меѓу кои околу 200 се настрадани во атентатите.

Во ударниот утрински сообраќаен шпиц на 11 март 2004 година во четири возови во Мадрид и предградијата, во интервал од неколку минути, експлодираа 10 бомби. Загинаа над 190 лица, а 1.858 беа ранети. Одговорноста за нападите ја презедоа терористи  поврзани со Ал Каеда.
Најсмртоносниот терористички напад во историјата на Шпанија беше изведен само неколку дена пред парламентарните избори во земјата.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски