Шпанија доби 10 милиони евра од ЕУ за справување со имигрантите во Сеута и Мелиља

Од:

Европската унија вчера реши на Шпанија да и додели помош од 10 милиони евра за борба со илегалната имиграција во шпанските енклави Сеута и Мелиља во северно Мароко, соопшти шпанското Министерство за надворешни работи.

Веќе неколку месеци Шпанија постојано ја повикуваше ЕУ да помогне во задржувањето на брановите имигранти од субсахарска Африка и Магреб, кои доаѓаат до двете енклави – единствените копнени граници меѓу африканскиот континент и Европа.

На средба во Мадрид со шпанскиот министер за внатрешни работи Хорхе Фернандес Диас, еврокомесарот за внатрешни работи Сесилија Малмстром, соопштила дека десет милиони евра од фондовите на ЕУ за вонредни ситуации под итно ќе и бидат дадени на Шпанија.

Овие пари, прецизира Министерството во соопштението, се наменети за финансирање на неколку од 26-те проекти, што Шпанија ги предложи за справување со ситуацијата во Сеута и Мелиља.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски