Шпанија: Црквата против волјата на граѓаните

Од:

Католичката црква во Шпанија денес ќе ги прогласи за блажени 500-те лица, од кои повеќето починаа во текот на граѓанската војна помеѓу 1936 и 1939 година.

Црквата се одлучи за овој чекор и покрај повиците од граѓаните упатени кон папата Франсис да го откаже ова контроверзно случување.

Критичарите на денешната церемонија, која шпанските медиуми ја нарекуваат „најголема беатификација во историјата на црквата“ ја обвинува католичката црква дека придонесува за озаконување на диктаторскиот режим на генералот Франсис Франк, пренесе „Франс прес“.

Здружението на шпански цивилни организации испрати писмо до папата Франсис, во кое бара да се откаже „политичкиот акт на католичката црква со која се афирмира режимот на Франк“ и наведе дека црквата ги заборави жртвите од репресијата на режимот.

Се очекува на церемонија на беатификацијата, која што ќе се одржи во Тарагон, град на исток на Шпанија, да присуствуваат околу 25.000 лица.

Покрај Шпанците за блажени ќе се прогласат и тројца Французи, како и по еден Португалец, Филипинец, Колумбиец и Кубанец.

Елена Георгиевска

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски