Шпанија: Четврта жртва на стампедото

Од:

Девојката која им подлегна на повредите, е четвртата жртва на стампедото што се случи на забава на „Ноќта на вештерките“ во Мадрид, јавуваат шпанските медиуми.

Во стампедото загинаа три девојки, а две беа во критична состојба, од кои денеска едната почина, пренесува АФП.

Како што јави шпанското радио РНЕ, 17-годишната девојка почина утринава во болница, а другата и понатаму е во тешка состојба.

Сеуште не е познато што точно го предизвикало стампедото на забавата во Мадридската арена, но според првичните резултати на истрагата, најверојатно во прашање било тоа што некој во гужвата фрлил сигнална ракета.

Некои шпански весници јавија дека во арената, чиј капацитет е 10.500 луѓе, имало премногу посетители.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски