Шпанија: Бура зема животи

Од:

Силното невреме што го погоди североисточниот брег на Каталонија, со огромни бранови и ветер, загина една жена од Полска, а еден млад човек од Франција се води за исчезнат, изјавија локалните официјални лица.

Голем бран ја одвлече 37-годишна Полјачка во Lloret del Mar, а нејзиното тело подоцна беше пронајдено на девет километри од брегот.

„Ја одвлече еден бран додека шетала по плажата. Службите за вонредни состојби го пронашле тело, и  идентификација беше извршена врз облеката и накитот што го носела”, изјави портпаролот на службите за итна помош.

Еден млад човек од Франција, исчезна додека бил на риболов во карпестата област на крајбрежјето.

„Службите за вонредни состојби почнаа потрага по француски државјанин. Тој замина на риболов, а негов пријател вели дека тој не се вратил”, додаде портпаролот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски