Шпанците на протест во Барселона побараа да заврши сецесионизмот во земјата

Од:

Повеќе илјади лица, приврзаници на политичките партии кои се противат на отцепењето на Каталонија од Шпанија, се собраа во Барселона на протест и повикаа на завршување на сецесионизмот во земјата, јави Танјуг.

Протестот беше одржан вчера на централниот градски плоштад „Свети Јаков“ под слоганот „Процесот на независност ни го одзема идентитетот“
Пред насобраните зборуваше претседателот на Каталонската организација на граѓанското општество Рафаел Аренас, изјавувајќи дека политичарите кои се за независност „се обидуваат да ни ја одземат Шпанија и ветуваат рај на земјата„ за да добијат поддршка за нивните сецесионистички цели.

Според него, не е мудро, во моментите на тешкотии во Европа, да се придодаде и национално разградување на Шпанија.
Каталонскиот Парламент на 10 јануари го избра Карелес Пуџдемон за нов регионален претседател, кој наведе дека е одлучен да продолжи со исполнување на целта до 2017 година да ја одвои оваа автономна покраина од Шпанија.

Пуџдемон во претходен говор во каталонскиот Парламент повика на отпочнување процес на сецесија.
– Потребно е да отпочнеме процес заради формирање на независната држава во Каталонија, рече тој.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

Шпанскиот парламент донесе одлука за амнестија на организаторите на референдумот во Каталонија

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски