Шон Конери во кампања за независна Шкотска

Од:

Прославениот таен агент на Нејзиното височество со филмовите за Џејмс Бонд, одликуван од британската кралица и ја носи титулата сер, актерот Шон Конери е најсилниот поддржувач на идејата за независка Шкотска.

Тој редовно агитира за нејзиното отцепување од Обединетото кралство, донира финансиски сретства за шкотската националистичка партија, помогајќи ја посебно на сите избори за парламентот во Единбург.

Тој прв го потпиша „предлогот за независност“ со кој започна кампањата на сепаратистистичката партија СНП за референдумот за независност. За Конери почетокот на оваа кампања е „историски ден“.

Независноста на Шкотска ја поддржува и голем број на познати холивудски ѕвезди со шкотско потекло или роднинска поврзаност, меѓу кои Брајан Кокс, познат по улогите во филмовите „Борновиот идентитет” и „Х мен 2“, Ален Каминг, од филмот „Х мен 2“ и „Очи широко отворени“.

Првиот министер на Шкотска и лидер на СНП, Алекс Салмонд, е задоволен од поддршката на холивудските ѕвезди и изјави дека е „убеден во победата на референдумот“.

Последното истражуванје на агенцијата „Југав“ покажува дека само 33 проценти од Шкотланѓаните сакаат Шкотска да се отцепи од Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски

Во Шкотска убиен и запален маж, неговото јагленосано телото оставено во близина на детско игралиште

Дете падна во шахта длабока шест метри и се удави-истрага после три години

Предраг Петровиќ

Доживотен затвор за маж кој ја турна бремената сопруга од карпа во Единбург

Ана Ололовска