Шолц: Светот влезе во „нова ера“ со руската инвазија на Украина

Од:

Светот влезе во „нова ера“ со руската инвазија на Украина, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц на вонредната седница на Бундестагот.

„Со инвазијата на Украина, влеговме во нова ера. Во Украина луѓето не само што ја бранат својата татковина, тие се борат за слобода и за својата демократија, за вредностите што ги споделуваме со нив“, рече Шолц.

Германскиот канцелар рече дека е отворен за разговори со Русија и покрај инвазијата на Украина, а во исто време се закани со нови западни санкции против Москва.

„Не одбиваме да разговараме со Русија. Дури и во оваа екстремна ситуација, должност на дипломатијата е да ги држи отворени каналите за разговори“, рече тој во Бундестагот.

Тој, сепак, предупреди дека Западот го задржува правото да воведе нови санкции кон Москва, откако за неколку дена беа воведени два пакета санкции.

По руската инвазија на Украина, Германија ќе ја зголеми својата распределба за армијата за да достигне повеќе од два отсто од нејзиниот бруто домашен производ (БДП) годишно, што е повеќе од она што го бара НАТО, рече Шолц.

Германија ќе деблокира дополнителни 100 милијарди евра за модернизација на армијата, што ќе ги зголеми трошоците за армијата над два отсто од БДП.

„Од сега па натаму, повеќе од два отсто од нашиот бруто-домашен производ ќе инвестираме во нашата одбрана од година во година“, рече тој во Долниот дом на Парламентот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Дронот „Принц Вандал“ му нанесе штета на НАТО од 300 милиони долари

Горан Наумовски

Зеленски: Распоредувањето на европскиот контингент не може да биде единствената безбедносна гаранција

Сибиха: Забраната за директни преговори со Путин останува на сила

Бајден воведува нови санкции кон Русија на самиот крај на неговиот мандат

Ќе треба многу време за да се постигне мирно решение во Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски