Ќе треба многу време за да се постигне мирно решение во Украина

Од:

Советниците на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп веруваат дека постигнувањето мирно решение во Украина ќе потрае многу подолго отколку што претходно беше најавено, пренесува Ројтерс.

Претходно, републиканецот веќе отстапи од ветувањето дека ќе стави крај на конфликтот во Украина во рок од 24 часа, а Фајненшл тајмс пишуваше за подготвеноста на неговиот тим да го преиспита својот пристап за решавање на ситуацијата.

Советниците на Трамп сега признаваат дека процесот на решавање на војната во Украина ќе трае „месеци, па дури и подолго“, Ројтерс цитира извори.

Според агенцијата, двајца соработници кои учествувале во дискусиите со Трамп за ситуацијата во Украина истакнале дека неговите предизборни ветувања за прекин на конфликтот „на првиот ден“ се „комбинација на реторичко претерување и потценување на сложеноста на проблемот“. пренесува веб-страницата „vesti.ru“.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Трамп сака мир во Украина до Велигден

Горан Наумовски

Стармер: Подготвени сме да испратиме војници во Украина доколку е потребно

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Што има во прашалникот што Трамп го испратил до европските созјузници

Катерина Ѓуровски

Кремљ повторно се огласи за преговорите

Зеленски: Соработуваме со САД, успехот „се чини можен“