Шолц: Ова е јасен доказ дека Русите се неуспешни, ние не признаваме срамни референдуми

Од:

Германските политичари со загриженост ја коментираа најавата на рускиот претседател Владимир Путин за делумна мобилизација, а германскиот канцелар Олаф Шолц во своите првични реакции истакнува дека оваа мобилизација е знак дека рускиот напад врз Украина е неуспешен.

„Овој потег може да се толкува само како реакција на фактот дека рускиот напад врз Украина не се одвива како што очекува Москва“, рече германскиот канцелар, цитиран од еден од неговите портпароли.

Во изјавата на канцеларот Шолц, кој моментално престојува во САД на Генералното собрание на ОН, се наведува дека Русија е принудена да ги прегрупира своите сили во окупираните области на североисток, што е доказ за успехот на Украина.

„Ова е јасен показател дека Украина е успешна кога станува збор за одбрана на сопствениот интегритет и суверенитет, а тоа, меѓу другото, се должи и на огромната помош на многу земји, особено на Германија“, рече Шолц.

Во врска со плановите на рускиот претседател во наредните денови да одржи референдуми за приклучување кон Русија во четири украински региони, портпаролот на Шолц изјави дека „срамните референдуми“ никогаш нема да бидат признаени.

 

Би можело да ве интересира

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли