Шолц: Очекувам чекори на Русија за деескалација на кризата

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изрази очекување дека РусијÐ ° ќе преземе јасни чекори кон деескалација на кризата со Украина. Шолц истакна дека Германија и нејзините западни сојузници се подготвени за сериозен дијалог со Русија за европската безбедност.

-Подготвени сме за сериозен дијалог со Русија за европските безбедносни прашања, рече Шолц на прес-конференција по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Германскиот канцелар најави нов германски заем од 150 милиони евра наменет за Украина и повтори дека Западот е подготвен да воведе „многу далекусежни и ефективни санкции“ доколку Русија го наруши територијалниот интегритет на Украина.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека неговата земја ќе продолжи да се залага за својата цел, членство во НАТО и покрај незадоволството на Русија и скептицизмот на некои западни земји.

– Денес се чини дека многу новинари и многу лидери и укажуваат на Украина дека е можно да не се ризикува, да не се поставува постојаното прашање за идно членство во алијансата, бидејќи тие ризици се поврзани со реакцијата на Руската Федерација. Верувам дека мораме да го следиме патот што го избравме, рече Зеленски на прес-конференцијата.

Претходно денеска рускиот претседател Владимир Путин на денешната средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров оцени дека проширувањето на НАТО на исток е „бесконечно и многу опасно“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Шолц воздржано зборуваше за можните трговски санкции против Кина

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски