Шојгу: Талибанците ќе добијат помош од Русија, ситуацијата во Авганистан е тешка

Од:

Секретарот на рускиот Совет за безбедност, Сергеј Шојгу, денес изјави дека Русија е подготвена да му помогне на движењето Талибанци да ја стабилизира ситуацијата во Авганистан.

„Авганистан сè уште има многу тешка работа пред себе за да ја стабилизира ситуацијата во земјата. Русија е подготвена да им помогне на Талибанците во оваа област, вклучително и преку развој на соработката со Кабул во борбата против тероризмот и дрогата преку безбедносните агенции“, нагласи Шојгу.

Во статија за „Рускаја газета“, тој посочи на борбата на Талибанците против производството на дрога, истакнувајќи дека „до 2023 година, површината под одгледување опиумски афион, која претходно изнесуваше околу 232.000 хектари, е намалена за 95 проценти, а денес 20 од 34-те провинции во Авганистан се сметаат за ослободени од плантажи со дрога“.

Сепак, додаде Шојгу, ситуацијата со трговијата со дрога во земјата останува тешка „поради сè пошироката употреба на синтетички опиоиди“, пренесува Танјуг.

Шојгу истакна дека терористичките активности во Авганистан се директно поврзани со производството на дрога, а според руските проценки, во оваа азиска земја има околу дваесет меѓународни терористички организации, со вкупно повеќе од 23.000 борци, „што претставува сериозна закана за регионот и светот“.

Би можело да ве интересира

Талибанците не ја даваат воздухопловната база „Баграм“

Лоши работи ќе се случат ако не се вратиме во Авганистан, вели Трамп

Исламабад и го прогласи Авганистан за „непријателска држава“

Талибанците ги забранија книгите напишани од жени на авганистанските универзитети

Бројот на загинати по земјотресот во Авганистан се искачи на над 2.000

А1он

Уште еден силен земјотрес во Авганистан