Исламска држава ја призна одговорноста за крвавиот напад во Кабул

Од:

Групата Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот врз ресторан во хотел во Кабул, во кој загинаа најмалку седум лица, а десетици беа ранети.

Во нападот загинаа еден кинески државјанин и шест Авганистанци, а околу десетина други беа ранети, вклучувајќи и едно дете, соопштија официјални лица, објави Ројтерс.

Покрај кинескиот државјанин, меѓу загинатите има и локални работници и гости на ресторанот.

Италијанската медицинска невладина организација „Итна помош“ претходно соопшти дека нејзиниот хируршки центар во Кабул примил 20 лица по експлозијата, вклучувајќи седум кои веќе биле мртви, објави АП.

Полицијата претходно соопшти дека експлозијата се случи во хотел во населбата Шахр-е-Нав во Кабул. Кинеската државна телевизија CCTV објави дека двајца кинески државјани се тешко повредени, а еден обезбедувач е убиен во експлозијата во ресторанот.

Областа Шахр-е-Нав е претежно населена со странци и се смета за една од најбезбедните во Кабул.

Би можело да ве интересира

Експлозија во Лесковац: Петмина повредени, двајца со тешки изгореници се пренесени во Ниш

(ВИДЕО) Јованиќ: ВБА бараат мигрант за кој постои сомневање дека го постави експлозивот во близина на гасовод во Кањижа

Горан Наумовски

Осуетен напад со експлозив што можеше да ги остави Србија и Унгарија без гас

Горан Наумовски

Oсум мртви по земјотрес со јачина од 5,9 степени во Кабул

А1он

(ВИДЕО) Експлозија во зграда во Рим – има тешко повредени

А1он

Експлозија во деловна зграда во Амстердам, исламистичка група ја презеде одговорноста