Шмит: Подготвен сум законот на Инцко за негирање на геноцидот да биде заменет со друг усвоен од Парламентот

Од:

Високиот претставник во Босна и Херцеговина Кристијан Шмит испрати писмо до Парламентарното собрание на БиХ во кое наведува дека е подготвен да го замени законот за забрана на негирање на геноцидот, донесен од неговиот претходник Валентин Инцко, со нов закон, кој би бил усвоен во Парламентот на БиХ.

„Ве повикувам да усвоите закон во Парламентарното собрание на БиХ што ќе забрани одредени форми на говор на омраза, вклучително и негирање на каков било геноцид и глорификација на осудените воени злосторници“, наведе Шмит во писмото до Претставничкиот дом и Домот на народите на БиХ.

Наведувајќи дека сите народи во одреден момент биле изложени на прогон и насилство, особено во текот на минатиот век, тој посочи дека непризнавањето на масовните злосторства и кршењето на човековите права може да има катастрофални последици за општеството.

Шмит, исто така, оцени дека „негирањето на добро документирани и утврдени факти за воени настани, вклучително и геноцид, ги спречува општествата да се занимаваат со колективното минато и претставува продолжување на злоупотребата на жртвите“.

„Измените на Кривичниот законик на БиХ, усвоени во јули 2021 година (законот на Инцко) се засноваат на принципот на зачувување на основните вредности“, нагласи високиот претставник во БиХ.

Според него, „законските акти можат да го остварат својот потенцијал во смисла на промовирање мир и помирување само доколку, паралелно со нив, постои основен консензус во општеството, како и заедничка подготвеност да се покаже разбирање и сочувство, особено кај младите луѓе“.

Според Шмит, тоа се причините поради кои треба да заземе став за ова прашање, кое го следи од јули годинава, односно откако поранешниот висок претставник Валентин Инцко го наметна законот.

Би можело да ве интересира

Петмина Украинци уапсени за киднапирање на сириски државјанин во Сараево

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина