Шкотскиот парламент изгласа организирање нов референдум за независност

Од:

Парламентот на Шкотска гласаше за организирање нов референдум за независност од Велика Британија во периодот меѓу есента 2018 година и пролетта 2019 година.

Шкотскиот парламент ја поддржа идејата на првиот министер Никола Старџен за втор референдум со 69 гласови „за“ и 59 „против“.

Одлуката е донесена еден ден пред британската премиерка Тереза Меј да иницира процес за излез на државата од Европската унија.

Британската Влада нема да води преговори за предлогот на шкотската Влада за нов референдум за независност, јавија британски медиуми.

– Ќе биде неправедно да се побара од народот во Шкотска да донесе важна одлука без неопходна информација за идните наши односи со Европа или што ќе претставува независна Шкотска, соопшти Владата во Лондон.

Би можело да ве интересира

Англиски спортски водител е уапсен под сомнение дека силувал дете

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Новиот шкотски премиер Џон Свини верува во независност за пет години

Горан Наумовски

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

Борис Џонсон дојде на гласање без лична карта иако воведе закон според кој таа е обврска

А1он

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он