Шкотски суд: Џонсон имал намера да го суспендира Парламентот

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон имал намера да го суспендира Парламентот, изјавено е денеска на рочиштето во шкотскиот суд, на кого му се обратија 70 пратеници да пресуди за законитоста на постапката на Џонсон.

Имено, Џонсон кон крајот на минатиот месец најави дека ќе го суспендира Парламентот кон средината на септември до средината на октомври, краток период пред предвидениот излез на Британија од ЕУ на 31 октомври, а со цел да и дозволи на Владата да објави нова законодавна програма.

Политичките противници, кои тврдат дека тоа е едноставно тактика за да бидат спречени во обидот да го спречат Брегзит без договор, веќе му се обратија на највисокиот граѓански суд во Шкотска за да пресуди дека е незаконски и неуставно Парламентот да биде суспендиран пред датумот за излез од ЕУ.

На денешното рочиште, адвокатот кој застапувал повеќе од 70 пратеници, истакнал пред Шкотскиот суд дека две недели пред нбајавата на Џонсон еден помошник му испратил порака со прашање за продолжување или суспендирање на Парламентот од средината на септември.

– Знакот за штиклирање и зборот „да“ е напишан на документот, нагласи адвокатот Еден Онил.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он