Шкотската премиерка Никола Старџен им соопшти на регионалните пратеници во Единбург дека би сакала нов референдум за независност на Шкотска да се одржи на 19 октомври 2023 година.
Старџен денеска истакна дека сака да има „правен, уставен референдум“ за независност на Шкотска и најави дека ќе биде објавен нов предлог-закон во шкотскиот парламент за консултативно гласање за ова прашање.
Таа прецизираше дека референдумското треба да биде исто како при гласањето во 2014 година: „Дали Шкотска треба да биде независна држава?
Извор: МИА